• понеделник, 23 декември 2024

Од следниот понеделник ќе има доволно термини за сите прегледи, најави Филипче

Од следниот понеделник ќе има доволно термини за сите прегледи, најави Филипче
Скопје, 23 септември 2021 (МИА) - Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека веќе од следниот понеделник ќе има доволно термини за сите испитувања и прегледи кои им се потребни на пациентите. Филипче на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање посочи дека денеска сите служби работат на разговори со директорите на институциите каде што се закажуваат термините, со цел да се ослободат или повеќе места или да се прочисти списокот од пациенти кои држат закажани термини. - Стигнаа осум поплаки од пациенти и некои укажувања од матичните лекари, така што денеска сите служби работат на разговори со директори на сите институции каде што се закажуваат термините, со цел да се ослободат или да се прочисти списокот од пациенти кои држат закажани термини, а во меѓувреме со приоритетните упати го направиле испитувањето или снимањето. Тоа се двата механизми кои навистина го оптоваруваат системот, верувам дека веќе од следниот понеделник, уште утре по овој сегашен систем ќе има доволно термини за сите овие испитувања, рече Филипче. бт/сп/

Остани поврзан