• четврток, 26 декември 2024

Од следната година во Србија нови услови за пензионирање

Од следната година во Србија нови услови за пензионирање

Белград, 11 декември 2023 (МИА) - Во Србија од следната година ќе важат нови услови за пензионирање, соопшти Државниот фонд за пензиско и инвалидско осигурување.

За жените, старосната граница за пензионирање е поместена за два месеци од јануари - возраст од 63 години и осум месеци живот и најмалку 15 години стаж на осигурување.

За мажите се уште важат истите услови - 65 години и најмалку 15 години стаж на осигурување.

Поместувањето на условот за возраст за жените е до 2032 година, кога условите за двата пола ќе бидат еднакви, 65 години и најмалку 15 години стаж на осигурување.

Осигурениците од двата пола можат да го остварат правото на пензија и доколку имаат наполнето 45 години стаж на осигурување, без разлика на нивната возраст. ссм/

фото: архива

Остани поврзан