• среда, 25 декември 2024

Од септември 720 образовни асистенти во основните училишта во земјава, наскоро ќе се објави оглас за нивно ангажирање

Од септември 720 образовни асистенти во основните училишта во земјава, наскоро ќе се објави оглас за нивно ангажирање
Скопје, 3 август 2022(МИА)- Во новата учебна 2022-2023 година, ќе бидат ангажирани вкупно 720 образовни асистенти, а јавните огласи за пријавување на заинтересираните, во следните неколку денови ќе ги објават основните училишта со ресурсни центри кои воедно и се задолжени за спроведување на целата постапка за селекција, соопштуваат од Министерството за обарзование и наука. Оттаму истакнуваат дека подигнувањето на степенот на инклузивност на националниот образовен систем е стратешки приоритет и клучна цел во програмата за работа на Министерството за образование и наука, кон која континуирано се насочуваат сé повеќе средства и активности во чија реализација се вклучуваат голем број општествени чинители. -Во таа насока е воведена и услугата образовна асистенција како обврска на државата уредена со закон. Односно ангажирањето на образовни асистенти за учениците со попреченост кои следат настава во редовните основни училишта повеќе не е грижа и трошок за семејствата на учениците, истакнуваат од Министерството за образование и наука. Од МОН соопштуваат дека минатата учебна година, биле ангажирани 500 образовни асистенти, од кои 260 во скопскиот, кумановскиот и полошкиот регион и 240 асистенти во други три региони, односно по 80 асистенти во вардарскиот, југоисточниот и пелагонискиот регион. Согласно Правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи на образовниот и личниот асистент, образовен асистент може да биде лице кое сестекнало со звање: специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог со завршено VII/1 степен т.е. VIA според македонската рамка на квалифкациии МРК или 240 ЕКТС, како и лице кое што ги исполнува условите за наставник воодделенска настава (VII/1 степен т.е. VI A според МРК или 240 ЕКТС), односно наставник во предметна настава (VII/1 степен т.е. VI A според МРК или 240 ЕКТС) По конечниот избор, образовните асистенти се вработуваат во основните училишта со ресурсни центри, со месечен надомест и платени придонеси од задолжително социјално осигурување. Министерството за образование и наука ги повикува сите граѓани со соодветно образование и со желба за работа со ученици со попреченост, да ги следат веб страниците на основните училишта со ресурсни центри и да се пријават на повикот од соодветното училиште за кое се заинтересирани. -Во меѓувреме, МОН продолжува со преземање и на други чекори за подобрување на пристапноста и достапноста на образовниот систем за учениците со попреченост, преку континуирани инвестиции како во инфраструктурата и набавката на дидактички помагала, така и во обука и професионален развој на веќе ангажираниот наставен кадар и стручни соработници, велат од МОН.ир/лв/

Остани поврзан