• четврток, 15 јануари 2026

Од планирани 22, минатата година реализирани 20 проекти во Центарот за култура во Кичево

Од планирани 22, минатата година реализирани 20 проекти во Центарот за култура во Кичево

Кичево, 11 јануари 2022 (МИА) - Во текот на претходната календарска година во Центарот за култура во Кичево, од 22 планирани проекти реализирани се 20. Останаа нереализирани два проекти и тоа проектот од драмската дејност „Непотизам“ од авторот Кристо Флоќи, во режија на Рахим Рамадани, како и проектот од музичката дејност „Класична фузија“.

-Ако се има во предвид пандемијата со Ковид-19, можеме да бидеме повеќе од задоволни од процентот на реализираната програма во 2021 година.Така, во однос на библиотечната дејност, петте одобрени проекти во целост се реализирани, а се однесуваа на набавка на нови книги на македонски, на англиски и на албански јазик. Набавката на компјутерска опрема за библиотеката и одбележан „Денот на книгата и заштита на авторското право“, истакна Мазлам Османи, директор на Центарот за култура.

Тој ги наведе реализираните проекти и од областа на музичката и музичко-сценската дејност, фолклорна дејност и инвестиции одобрени за Центарот за култура.

-Од областа на музичката и музичко-сценската дејност реализирани се пет проекти и тоа „Новогодишен концерт“, „Звуците на пролетта“ и „Концерт на обоа, флејта и гитара“. Реализиран е концертот на групата „Јерико“ и концертот за пијано „Четири раце“. Од областа на фолклорната дејност реализирани се проектите „Меѓународен фестивал на народни песни и ора Др.Владимир Полежиноски“, „Бајрамска вечер“ и традиционалниот „Велигденски концерт“. Од областа на инвестициите, набавена е опрема за осветлување на сцената и промена на врати и прозорци во Центарот за култура, додаде Османи и ги посочи и останатите проекти кои се реализирани минатата година.

Како што напомена, од областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн реализирани се проектите „Прекрасна убавина на старите куќи“, изложбите „Ебру“ и „Човек број“, а реализирана е и Младинската керамичка работилница за изработување и декорирање керамички производи.за/бт/

Остани поврзан