• сабота, 23 ноември 2024

Од казнети 79 возачи на територијата на Гостивар, 23 без возачка

Од казнети 79 возачи на територијата на Гостивар, 23 без возачка

Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни  работи  при Одделот за  униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спровеле акциска контрола на територијата на Гостивар, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата, информираа денеска од МВР, санкционирани се 79 возачи, од кои 23 за возење без возачка дозвола, девет за измината важност на сообраќајната дозвола, четири возачи биле без лекарско уверение при вршење на јавен превоз, седум за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан