• сабота, 24 август 2024

Од затвор во Нигерија побегнаа 1.500 осуденици

Од затвор во Нигерија побегнаа 1.500 осуденици
Абуџа, 5 април 2021 (МИА) - Околу 1.500 осуденици денеска успеаја да избегаат од централниот затвор во градот Ори, откако вооружена група со динамит разнесе дел од ѕидот на казнено поправниот дом. Според нигерискиот весник Авангард непознати лица го зазеле затворот при што е убиен најмалку еден полицаец. Според очевидец, напачѓачите за околу еден час успеале да го заземат затворот. Додека локалните медиуми објавија дека вооружената група дошла до главниот влез со автомобил со воени регистарски таблички. Нигериската полиција испрати засилување во затворот и почна потрага по избеганите затвореници. ми/

Остани поврзан