• вторник, 24 декември 2024

Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите

Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите. Забраната ќе важи од 06 до 20 часот и ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален, соопшти попладнево Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Оттаму велат дека по барање на „Национални шуми“ е дадена согласност за целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

- Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат, велат од ресорното Министерство.

За непочитување на забраната, на физички лица кои ќе бидат затекнати  ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност. бак/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан