• петок, 05 декември 2025

Од денеска до 7 јуни затворен за сообраќај Градскиот парк во Велес

Од денеска до 7 јуни затворен за сообраќај Градскиот парк во Велес

Велес, 2 јуни 2025 (МИА) - Општина Велес ги известува граѓаните дека поради подготовките и одржувањето на четвртото издание на Велешките спортски игри, Градскиот парк во Велес од денеска на пладне ќе биде затворен за сообраќај, се до завршувањето на манифестацијата на 7 јуни.

Како што информираат од општината, за време на Велешките спортски игри, пристап со возила ќе биде дозволен единствено на дистрибутерите кои доставуваат до локалите во паркот, но само со претходно обезбедена пропусница од организаторот — спортското здружение „Спортски игри Велес“.

Од општината упатуваат апел до сите граѓани да ја почитуваат забраната за движење со возила во паркот и изразуваат благодарност за разбирањето и поддршката додека траат спортските активности.

Велешките спортски игри, кои веќе станаа традиционална манифестација, годинава очекуваат голем број учесници и посетители. Од таму, додаваат дека затворањето на паркот има за цел да овозможи безбедно и непречено одвивање на натпреварите и настаните.

Четвртите спортски игри во Велес почнуваат утре претпладне во 10 часот во Градскиот парк, а свеченото отворање е во 20 часот. ад/аа/

Фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан