• недела, 07 декември 2025

Од денеска до петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од денеска до петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Скопје, 18 јуни 2025 (МИА) - Од денеска до петок во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град.

Во Скопје денеска во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од УХМР упатија препорака во случај на појава на електрични празнења  поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан