• понеделник, 23 декември 2024

Од вторник до четврток Денови на финансиска писменост

Од вторник до четврток Денови на финансиска писменост

Скопје, 16 ноември 2023 (МИА) - Деновите на финансиска писменост, што се организираат по седми пат, годинава ќе се одржат од 21 до 23 овој месец.

Организатори се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, а се очекува вклучување и на приватниот финансиски сектор.

Во рамки на Деновите на финансиска писменост ќе се одржат едукативни предавања на повеќе теми. Народната банка, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост, упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани да се пријават за учество на едукативните предавања, коишто ќе се одвиваат преку видеоконференциска врска.

- Целта на предавањата што ќе се спроведуваат во рамките на одбележувањето на Деновите на финансиската писменост е да се подобри финансиската едукација, да се поттикне финансиската вклученост и да се зголеми свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиските услуги, велат од централната банка.

Јавниот повик и повеќе информации за пријавувањето за учество на е-предавањата можете да најдете на следниот линк: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-od-21-do-23-noemvri-godinava-ke-se-odrzi-sedmoto-izdanie-na-denovite-na-finansiskata-pismenost.nspx. бак/са/

Фото: Народна банка

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан