Одрони од камења и дрвја на коловозот го попречуваат сообраќајот по регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови
- Одрони од камења и дрвја на коловозот кои се паднати на коловозот го попречија нормалното одвивање на сообраќајот на регионалниот патен правец Гостивар-Маврови Анови-Дебар.

Гостивар, 10 јануари 2021 (МИА) - Одрони од камења и дрвја паднати на коловозот го попречија нормалното одвивање на сообраќајот на регионалниот патен правец Гостивар-Маврови Анови-Дебар.
Заради расчистување на материјалот утрово во неколку наврати имаше и застој. Во моментов возилата се пропуштаат наизменично.
Според првичните информации на службите кои работат на терен три места по делницата од раскрсницата за Кичево-Гостивар кон Маврово на неколку места паднати се дрвја и има одрони од земја и камења. Утрово околу 11 часот екипи со механизација се излезени на терен и работат на нормализација на сообраќајот.
Зголемениот обем на сообраќајот причинува на моменти да се создаваат и колони, бидејќи возилата се пропуштаат наизменично од двете страни.
Од службите апелираат до патниците и возачите на трпение и внимателност, бидејќи врнежливото време дополнително го отежнува сообраќајот во овој дел од земјата.зм/свс/
