• среда, 27 ноември 2024

Одрони кај месноста Баткова Чешма на патот Делчево - Македонска Каменица - Кочани

Одрони кај месноста Баткова Чешма на патот Делчево - Македонска Каменица - Кочани
Делчево, 2 септември 2022 (МИА) - Одрони на патот Делчево - Македонска Каменица - Кочани утрово се регистрирани кај месноста Баткова Чешма. Освен на споменатата локација, одрони кои предизвикуваат проблеми по сообраќајот на патниот правец кој е дел од магистралата А3, поради дождот кој синоќа го зафати регионот се забележани на повеќе локации. -Бидејки се работи за карпест терен, ќе го повториме апелот за внимателно возење долж овој патен правец особено во услови по силните дождови кои влијаат на лизгање на карпите нанесувајќи одрони долж патниот правец, велат од подружницата на „Македонија Пат“. Оттаму напоменаа дека нивни екипи вршат редовна обиколка на теренот отстранувајки ги одроните од патот. -Освен на овој патен правец, на одредени делници од патот Делчево - Пехчево - Берово исто така се можни одрони заради тоа што е потребна прилагодена брзина, додадоа од „Македонија Пат“.
Според нивни информации на патниот правец кој води до граничниот премин Делчево не се регистрирани проблеми со одрони. вс/мд/

Остани поврзан