Одржан ИТКФ меѓународниот куп и семинар во традиционално карате „Неа Флогита 2023“
- Во Неа Флогита, Грција од 12 - 16 јуни се одржа традиционалниот ИТКФ меѓународен куп и семинар „Неа Флогита 2023“.
![Одржан ИТКФ меѓународниот куп и семинар во традиционално карате „Неа Флогита 2023“](https://mia.mk/index.php/images/20230617084838_big_730x400_73.webp )
Неа Флогита, 17 јуни 2023 (МИА) - Во Неа Флогита, Грција од 12 - 16 јуни се одржа традиционалниот ИТКФ меѓународен куп и семинар „Неа Флогита 2023“.
На завршниот турнир победија македонските каратисти:
Камелија Недев освои златни медали во кати и џиу ипон кумите за деца од 10-11г.
Мила Младеновска освои две златни медали во кати и кого кумите за јуниорки
Матеј Мангаровски освои прво место во кати за деца од 10-12г.
Лука Крстевски освои прво место во џиу ипон за деца од 10-12г.
Филип Недев освои прво место во кати и кихон кумите за деца од 8-9г.
Софиа Топалоска освои прво место во ката и кихон кумите за деца од 8-9г.
Максим Поп Трпев освои прво место во кати за деца 6-7г.
Марко Илиевски освои прво место во кихон кумите за деца 6-7г. зс/