Одржано 16. Армиско првенство во крос-кантри трчање
- На патеката на Хиподромот кај Скопје денеска се одржа 16. Армиско првенство во крос-кантри трчање што го организираат Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Советот за воени спортови.
Скопје, 27 ноември 2024 (МИА) – На патеката на Хиподромот кај Скопје денеска се одржа 16. Армиско првенство во крос-кантри трчање што го организираат Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Советот за воени спортови.
На натпреварувањето учество земаа 100 воени лица и цивили од Атлетските клубови од земјава, а се трчаше на 8 километри мажи и 4,8 километри за жени.
Во машка конкуренција од воените лица првото место го освои Милош Ранчиќ со време 26:55 минути, втор е Жан Тосев а трет Трајче Илијевски.
Првото место во категоријата цивили го освои Роберто Димитриевски од АК„Велес“ од Велес.
Во женска конкуренција на 4,8 километри првото место го освои Емили Ивановска од АК Скопски маратон со време 21:09 минута. Кај воените лица прва е Дијана Лапевска од 2мпб, втора Марија Димовска од 6 СС Волци, а трета Дијана Атанасовска од ВИНГ.
Во женска конкуренција на 4,8 километри првото место го освои Емили Ивановска од АК Скопски маратон со време 21:09 минута втора е Дијана Лапевска од втора мпб, а трета Марија Димовска од шестите СС Волци.
Организаторот, Советот за воени спортови на најдобрите им врачи дипломи и медали.
Како што информира за МИА, потполковник Зоран Цветковски претседател на Советот за воени спортови, секоја година на ова Армиско првенство име се’ поголем и поголем број учесници,а целта е заедничко дружење преку спортот на претставниците на Армијата и цивилните лица, воедно и стекнување на спортска кондиција која е важна за воените лица и секој спортист. ад/лв/
Фото: Фото од Армија на Република Северна Македонија