• недела, 21 јули 2024

Одржана традиционалната велосипедската тура Велес – Радовиш по повод „8 Септември“  

Одржана традиционалната велосипедската тура Велес – Радовиш по повод „8 Септември“  

Радовиш, 11 септември 2022 (МИА) – Под покровителство на македонската Влада и Агенцијата за млади и спорт денеска се одржа 12. издание на велосипедска тура од Велес до Радовиш која традиционално се организира по повод „Денот на државноста“.  

Стартот на турата во должина од околу 110 километри беше во Велес, а до Радовиш како крајна дестинација се возеше преку Градско, Неготино, Пепелиште и Криволак.  

Како и во изминатите години на турата настапи еден од најдобрите македонски велосипедисти на сите времиња и поранешен југословенски репрезентативец Дејан Момировски – Денда (54), кој на рутата до Неготино беше придружуван од својот 15-годишен син Дејан Момировски и 41-годишниот Филип Арсов.  

За прв пат историјатот на оваа традиционална велосипедска тура меѓу учесниците не настапи 80-годишниот Ѓорги Кузмановски, кој  беше принуден да го откаже настапот поради повреда.  

Рамовите на велосипедите со кои учесниците возеа на годинешното издание на трката се од македонско производство од брендот „Денда“ зад кој стои Дејан Момировски - Денда. ег/ар/

Остани поврзан