• вторник, 19 ноември 2024

Одржана Конференција по повод Меѓународниот ден на универзитетскиот спорт

Одржана Конференција по повод Меѓународниот ден на универзитетскиот спорт
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - На Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, во организација на Универзитетската спортска федерација на Македонија се одржа Конференција по повод Меѓународниот ден на универзитетскиот спорт прогласен од УНЕСКО - 20 септември, на тема „Перспективите на универзитетскиот спорт во Република Северна Македонија“. На конференцијата поздравни обраќања имаа претседателот на Универзитетската спортска федерација на Македонија, проф. д-р Ленче Алексовска-Величковска и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски. - Во своите излагања тие посебно ја нагласија потребата од издигнување на Универзитетскиот спорт на повисоко ниво како специфична алка која низ својот систем на натпревари ќе ги поттикне студентите спортисти да ја продолжат својата спортска кариера со посебен осврт на се помасовно имплементирање на двојната кариера како најнов глобален тренд и суштинска потреба, истакнаа од УСФМ. Присутните беа поздравени и од страна на Матјаж Печовник, генерален секретар на Европската универзитетска спортска федерација, како и претседателот на Турската универзитетска спортска федерација, Мехмет Ѓунај. На конференцијата свое излагање имаа претставниците од универзитетските спортски сојузи, универзитетските спортски центри, како и истакнати студенти спортисти. Присутни беа претставници од следните Универзитети: Универзитет „Св. Кирил и Методиј„- Скопје, Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола, Универзитет „Гоце Делчев“-Штип, Државен Тетовски Универзитет-Тетово, ФОН-Американски Универзитет на Европа-Скопје, Универзитет на Југоисточна Европа-Тетово, Меѓународен Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“-Битола Универзитет „Мајка Тереза“-Скопје, како и претставници од Факултетот за физичка образование,спорт и здравје при УКИМ, Скопје и Катедрата за физичко образование, спорт и спортски менаџмент на нематичните факултети при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Посебно обраќање имаше и Селекторот на Универзитетската карате репрезентација на Република Северна Македонија, д-р Бошко Заборски. Присутни беа и голем број на студенти спортисти предводени од студентите каратисти носители на медали од последните Европски универзитетски игри. - Кај сите присутни преовладуваше позитивно мислење за унапредување на Универзитетскиот спорт со акцент на двојната кариера како основа за личен и општествен развој на денешните студенти-спортисти а утрешни лидери и двигатели на општеството, нагласија од  УСФМ. см/сп/

Остани поврзан