• среда, 20 ноември 2024

Ковачевски: Одлуките од стратешко значење не треба да бидат предмет на уцени и дневна политика

Ковачевски: Одлуките од стратешко значење не треба да бидат предмет на уцени и дневна политика

Скопје, 10 март 2023 (МИА) - Двотретинско мнозинство за уставни измени не и е потребно на Владата. Тоа е потребно на граѓаните и на државата, бидејќи една од одлуките до полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ е внесувањето на делови од други заедници во нашиот Устав, порача вечерва премиерот Димитар Ковачевски.

-Меѓутоа, на тој пат до целосно зачленување постојат и други одлуки што ќе се носат и за кои потребно ќе биде потребно двотретинско мнозинство – реформа на правосудниот систем, реформа на обвинителскиот систем, реформа на јавната администрација, реформа на децентрализацијата, тоа се се одлуки што се носат со две третини во Парламентот, изјави Ковачевски во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

Затоа, рече тој, дека овие одлуки што се од стратешко значење не треба да бидат предмет на дневна политика, додавајќи дека има примери и во други држави, како Хрватска, кои носеле тешки одлуки до зачленувањето во ЕУ.

-Меѓутоа, тие одлуки, не беа дел на дневна политика. Затоа велам дека опозицијата треба да учествува во тоа. И ова треба да биде обврска и одговорност на сите 120 пратеници во Собранието, рече Ковачевски.

Во однос на тоа како ќе ја убеди опозицијата за да ја добиете поддршката за уставните промени, вели дека поддршката за стратешките цели, членство во ЕУ и НАТО на ВМРО-ДПМНЕ, секогаш била декларативна, но никогаш, оцени тој, не била реална. 

-ВМРО-ДПМНЕ до сега не поддржала ниту една одлука за зачленување на Македонија во НАТО или ЕУ. Тие беа против зачленување во НАТО. Дури тие не влегоа во собраниската сала кога го гласавме договорот Фронтекс. Фронтекс е договор помеѓу нашата држава и ЕУ каде за прв пат на еден договор стојат сите официјални јазици на ЕУ и македонскиот јазик без никакви појаснувања, додавки или фусноти, и ВМРО-ДПМНЕ не влегоа во собраниската сала и не го гласаа. ВМРО-ДПМНЕ секогаш имале декларативна поддршка меѓутоа никогаш немало реална поддршка, затоа сега треба да се исправат себе си, да дадат реална поддршка на овој процес, оцени Ковачевски. 

Тој нагласи дека овие одлуки не треба да бидат предмет на уцена, бидејќи има уште одлуки што со две третини што ќе треба да се носат до финално зачленување во ЕУ.

Во однос на тоа дали се можни натамошни блокади од Софија во пристапниот процес во ЕУ, вели дека ние преговараме со Брисел, а не со Софија.

-Јас стојам зад тоа дека ние преговараме со Брисел, а не преговараме со Бугарија и патот за Брисел не води преку Софија, бидејќи процесот на пристапување во Европската Унија е процес во којшто се исполнуваат критериуми, што ги одобруваат 27 земји-членки на Европската Унија. Ние со Бугарија имаме билатерални прашања и тие ќе се решаваат билатерално. Ние имаме и со Грција билатерални прашања, што исто така ќе се решаваат билатерално. И Хрватска и Словенија имале билатерални прашања – ги решаваа билатерално и ги донесоа големите одлуки и станаа членки на ЕУ, оцени Ковачевски. нд/вј/

 

Остани поврзан