• вторник, 24 декември 2024

Одлука на МКС: Жртвите на милицијата од Уганда добиваат рекордни 52 милиони евра компензација

Одлука на МКС: Жртвите на милицијата од Уганда добиваат рекордни 52 милиони евра компензација

Кампала, 29 февруари 2024 (МИА) - Десетици илјади жртви на командантот на угандската милиција Доминик Онгвен треба да добијат вкупно 52 милиони евра отштета, соопшти Меѓународниот кривичен суд (МКС), одлучувајќи за рекордна отштета.

Судиите рекоа дека Онгвен, поранешно дете-војник кое се искачи низ чиновите за да стане еден од главните команданти на озлогласената Божја војска на отпорот (ЛРА), нема средства сам да ја плати отштетата.

Наместо тоа, тие побараа од сопствената Фондација на Судот на жртвите да помогне во покривањето на трошоците.

Во 2021 година, Онгвен беше осуден на 25 години затвор по 60 точки од обвинението за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучувајќи силување, убиство и киднапирање деца. Моментално издржува казна во Норвешка.

Предводена од бегалецот воен командант Џозеф Кони, ЛРА ги тероризираше жителите на Уганда речиси 20 години додека се бореше против владата на претседателот Јовери Мусевени од базите во северна Уганда и соседните земји.

Милицијата е главно уништена, но Кони останува еден од најбараните бегалци на МКС.

Вкупниот број жртви се проценува на околу 50.000 луѓе. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан