• понеделник, 16 декември 2024

Владата донесе одлука за основање НУ Спомен-куќа на Мустафа Кемал Ататурк во Коџаџик, општина Центар Жупа

Владата донесе одлука за основање НУ Спомен-куќа на Мустафа Кемал Ататурк во Коџаџик, општина Центар Жупа

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - На предлог на Министерството за култура, Владата денеска на седница донесе Одлука за основање национална установа „Спомен-куќа на Мустафа Кемал Ататурк“ во Коџаџик, општина Центар Жупа.

Како што соопшти владината прес-служба, целта одлуката е истражување, собирање, средување, стручно и научно обработување, проучување, заштита, чување, објавување и презентирање на историско етнолошки предмети поврзани со животот и делото на Мустафа Кемал Ататурк, како и на други етнолошки и историски предмети од значење за Република Северна Македонија. хс/са/ 

Фото: Влада на Република Северна Македонија 

Остани поврзан