• понеделник, 23 декември 2024

Одлуката на Уставниот суд за платите на функционерите е поразувачка, смета Пендаровски

Одлуката на Уставниот суд за платите на функционерите е поразувачка, смета Пендаровски

Скопје, 31 март 2023 (МИА) - Одлуката на Уставниот суд од пред два дена е поразувачка. Би сакал да ја искоментирам пред воопшто да стане предмет во јавноста, а треба да стане. Невкусно е мојата плата, од сегашните 93 000 да биде 150 000 или на премиер, спикер на Парламент, министри од сегашни 80 000, да изнесува 130 000, рече вечерва претседателот Стево Пендаровски.

Според него, Владата мора да направи брза интервенција во Законот за плати.

Кризата треба да ја носат сите подеднакво, укажа претседателот, а не да се зголемува платата на функционерите кога сите други едвај „крпат“ крај со крај.

-Уставниот суд поништува еден член од Законот за плати во кој платите на функционерите се врзани со коефициенти. Јас имам коефициент 4,5, значи 4,5 просечни плати од по 32 000. И тоа важи за сите функционери. Од правен аспект Уставнот суд е во право, а од аспект на Кривичниот законик, непочитување на Одлука на Уставен суд е кривично дело. Но, јас сакам да апелирам до Владата да го промени тој дел од Законот за плати со додавање еден член. Во оваа ситуација кога велиме дека имаме кризи кои се мултиплицираат и се засилуваат, со овие цени на продукти, со оваа инфлација, војна во Украина и пореметени пазари, мене и на функционирети да ни даваш плата повисока за 50 - 70 проценти,... Правнички е коректно, но Владата мора да направи брза интервенција во Законот за плати и да каже, на пример, не мора нивниот или мојот коефициент да биде 4,5 или 3,5, нека биде два, истакна Пендаровски во гостувањето на „Трилинг“. мч/са/ 

 

Остани поврзан