• среда, 27 ноември 2024

Одложено судењето за „Плацови на Водно“

Одложено судењето за „Плацови на Водно“
Скопје, 28 јануари 2022 (МИА) - Судењето за случајот „Плацови на Водно“ денеска се одложи поради отсуство на четворица од повиканите сведоци и по барање на одбраната на обвинетиот Орце Камчев, кој од вчера е позитивен на КОВИД-19. Според одбраната на Камчев, кој денеска присуствуваше во судницата во Основниот кривичен суд во Скопје, Камчев вчера направил брз антигенски тест на КОВИД-19 и кај него е детектиран вирусот, но чека решение за самоизолација. Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова. Според обвинението, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот", неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари", а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело". аа/дма/

Остани поврзан