• вторник, 14 јануари 2025

Одложено првото рочиште пред Уставниот суд за отповикување на јужнокорејскиот претседател

Одложено првото рочиште пред Уставниот суд за отповикување на јужнокорејскиот претседател

Сеул, 14 јануари 2025 (МИА)  - Првото рочиште пред Уставниот суд на Јужна Кореја за отповикување на претседателот Јун Сук-Јеол заврши денеска по четири минути заседавање поради негово отсуство, при што судот го отфрли барањето на Јун за изземање на еден од осумте судии.

Следното рочиште е закажано за четврток, а судот ќе продолжи со судењето без разлика дали Јун е присутен или не, изјави вршителот на должноста претседател на судот Мун Хјунг-бае, повикувајќи се на актуелниот закон, пренесе Јонхап.

Денешното рочиште се одржа точно еден месец откако Националното собрание на Јужна Кореја гласаше за импичмент на Јун поради неговото краткотрајно воведување вонредна состојба на 3 декември.

Адвокатите на Џун претходно рекоа дека јужнокорејскиот претседател, кој е суспендиран од функцијата, нема да присуствува на сослушувањето поради загриженоста за неговата лична безбедност и обидите на истражителите да го уапсат под обвинение за бунт и злоупотреба на власта во врска со неговата уредба за вонредна состојба. сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан