Одложено изрекувањето на пресудата заТрамп за случајот пари за молчење во Њујорк за 18 септември
- Изрекувањето на пресудата е одложено за 18 септември во 10 часот, објави судијата Хуан Мерчан.
Њујорк, 2 јули 2024 (МИА) - Судија од Њујорк кој го води случајот пари-за-молчење против Трамп го одложи изрекувањето на пресудата на републиканскиот претседателски кандидат за 18 септември, јавија американските медиуми.
Изрекувањето на пресудата е одложено за 18 септември во 10 часот, објави судијата Хуан Мерчан.
Претходно денеска беше објавено дека обвинителите во случајот не се противат на таквото одложување по значајната одлука за имунитетот на Трамп, донесена вчера од Врховниот суд.
Случајот се однесува за прикривање на купувањето на молкот на порно ѕвезда за да ја спречи да открие интимна врска со Трамп, што тој негира дека имал со неа.зш/
фото ЕПА