• вторник, 24 декември 2024

Одложена седницата на матичните собраниски тела за Нацрт патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација 

Одложена седницата на матичните собраниски тела за Нацрт патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација 

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - Заедничката денешна седница на Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања се одложи поради, како што беше посочено, неисполнување на законските услови и обврски за затворена седница со класифициран материјал со степен на тајност.

На дневен ред на оваа заедничка седница беа разгледувањето на Нацрт патоказот за владеење на правото и Нацрт-патоказот за реформа на јавната администрација.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски побара од присутните да се одложи денешната седница поради неисполнување на законските услови и обврски за затворена седница со класифициран материјал со степен на тајност. Информира дека следната седница по овие точки ќе се одржи на 20 декември.

-Имајќи во предвид дека се работи за ваков сензитивен материјал согласно законските одредби, седницата на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања треба да е од затворен карактер. И имајќи предвид дека седницата е од затворен карактер, постојат јасни законски процедури и ограничувања на кој начин треба да биде доставен и дистрибуиран материјалот до членовите на Националниот совет, до пратениците и до сите останати кои имаат право да учествуваат во работата. Имајќи предвид дека се работи за нови процедури и дека на сите веројатно им треба повеќе време за овие процедури да станат пракса, се надевам дека во иднина ќе ги користиме и почесто, рече Николовски. фф/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан