• недела, 15 февруари 2026

Одземено возило и приведено младо лице од росоманско Сирково, возело без положен возачки испит

Одземено возило и приведено младо лице од росоманско Сирково, возело без положен возачки испит

Кавадарци, 13 февруари 2026 (МИА) - Бидејќи возело без положен возачки испит, денеска било лишено од слобода младо лице од село Сирково. Возилото било привремено одземено, соопштија од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Денеска во 1:15 часот на улицата Методија Џунов Џико во Кавадарци, полициски службеници од ОВР - Кавадарци лишиле од слобода лице од село Сирково, општина Росоман. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило со кавадаречки регистарски ознаки и по извршени проверки било констатирано дека лицето го управувало возилото без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица, а возилото било привремено одземено, информираа од СВР - Велес.

По целосно документирање на случајот, како што додадоа од СВР - Велес, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан