• вторник, 24 декември 2024

Одземени четири мотоцикли, 154 казнети моторџии на територијата на цела држава

Одземени четири мотоцикли, 154 казнети моторџии на територијата на цела држава
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Казнети се 154 возачи на мотоцикли, во периодот од 10.10.2022 до 16.10.2022 во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Од нив, 86 не користеле заштитна кацига за време на возење, 34 возеле без возачка дозвола, четири мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. Од МВР денеска информираа дека продолжуаат засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/ац/

Остани поврзан