• вторник, 24 декември 2024

Одбраната на Додик бара одложување на рочиштето закажано за 20 декември

Одбраната на Додик бара одложување на рочиштето закажано за 20 декември

Бања Лука, 18 декември 2023 (МИА)  - Одбраната на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, поднесе предлог за одложување на рочиштето закажано за 20 декември бидејќи не е решено второто барање за преместување на постапката од Сараево во Бања Лука, изјави денеска неговиот адвокат Горан Бубиќ.

- Имаме четири дена помеѓу последниот повик и претресот, а повикувањето четири или пет дена пред крајниот рок, од кои два неработни, не е вообичаено“, изјави Бубиќ за РТРС.

Тој очекува Судот да постапи според законот и да одобри префрлање на судењето во Бања Лука.

„Одбраната не го одложува процесот, таа само си ја врши работата. Наша должност е да укажеме на работите кои влијаат на процесот. Барањето за трансфер не е направено со цел да се одолговлекува, туку поради одмаздничката атмосфера во Судот на Босна и Херцеговина што може да влијае на законитоста на процесот“, изјави Бубиќ.

Тој рече дека судот, со оглед на аргументите кои објективно постојат и кои одбраната ќе ги изнесе на судењето, треба да донесе ослободителна пресуда.

Бубиќ рече дека тоа е етапен процес кој го загрозува уставниот поредок и чија цел е обид да се елиминира легитимно избраниот претседател.

На Додик и на в.д. директорот на Службен весник на Република Српска, Милош Лукиќ, им се суди во Судот на БиХ за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, кој не е признат во Српска, бидејќи неговото именување не беше потврдено од Советот за безбедност на ОН. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан