• среда, 27 ноември 2024

Одбојкарките на „Ускана“ со триумф се разделија од своите гледачи

Одбојкарките на „Ускана“ со триумф се разделија од своите гледачи
Кичево, 9 април 2022 (МИА) - Во последниот првенствен натпревар како домаќини, одбојкарките на „Ускана“ од Кичево со убедливи 3:0 го совладаа составот на „Виктори Волеј“ од Скопје и со триумф се простија од своите малубројни верни гледачи. Резултат по сетови 25:18, 25:10 и 25:14. Во ниту еден момент триумфот на домаќинките не беше доведен во прашање и ова можеби беше најдобрата партија на кичевскиот состав во пролетниот дел од сезоната. Квалитетот на играта на кичевскиот состав ја зголеми и повратничката во екипата Шкипоња Алими, која слободниот период, го искористи да им помогне на своите довчерашни клупски колешки. -Ова беше нашето најдобро издание оваа пролет. Сите линии во екипата функционираа беспрекорно и како резултат на таквата игра беше и убедливиот триумф со 3:0. За одличниот настап на нашата екипа секако придонес има и либерото Шкипоња Алими, која во последните два првенствени меча ќе биде дел од нашиот  состав, рече претседателот на клубот, Башким Мехмеди и посочи дека за следната првенствена сезона е многу неизвесно дали екипата на Ускана ќе обезбеди доволно финансиски средства за да продолжи да се натпреварува и наредната првенствена сезона. за/рп/

Остани поврзан