• недела, 22 декември 2024

Одбојкарките на Работнички по шести пат го освоија Купот на Македонија

Одбојкарките на Работнички по шести пат го освоија Купот на Македонија

Радовиш, 25 март 2023 (МИА) - Одбојкаркоте на Работнички Скопје ја одбранија ланската куп титула со триумф над Наковски Волеј со 3:1 (23:25, 25:18, 30:28, 25:16) во финалето на турнирот во Радовиш.

Струмичкиот клуб го доби првиот сет, но скопјанките направија пресврт и на крајот му се израдуваа на пехарот притоа недозволувајќи Наковски волеј да се реваншира за поразот во финалето пред две години.

Тамара Стојанова со 17 поени беше најефикасна во победничкиот состав.

Кај Наковски Волеј најефикасна беше Љиља Ковачевиќ со 13 поени.

Работнички ја освои својата шеста куп-титула, Наковски Волеј не успеа да стигне до својот прв трофеј. зс/

 

Фото: Работнички ФБ

Остани поврзан