• вторник, 24 декември 2024

Одборот на гувернери на НБА ја одобри продажбата на Хорнетс

Одборот на гувернери на НБА ја одобри продажбата на Хорнетс

Вашингтон, 24 јули 2023 (МИА) - Одборот на гувернери на НБА ја одобри продажбата на Шарлот на група инвеститори предводени од Гејб Плоткин и Рик Шнал, пишува ESPN.com.

 

Продажбата ќе биде извршена во следните една до две недели. Тимот при склучување на зделката е проценет на три милијарди долари.

 

Шнал, кој беше малцински сопственик на Атланта, и Плоткин, малцински сопственик на Хорнетс, ќе станат менаџери на клубот. Мајкл Џордан ќе го задржи малцинскиот удел и неговото присуство во организацијата.

 

Џордан, шесткратен шампион и петкратен МВП во лигата, беше единствениот црномурен сопственик на НБА клуб. Во 2010 година, кошаркарот купи мнозински удел во Шарлот за 275 милиони долари.

 

Од 2006 година, Хорнетс само три пати се пласираа во плејофот и не победија ниту една серија. зс/

Остани поврзан