• петок, 21 февруари 2025

Одбележување на Свети Трифун во Младинскиот парк во Велес

Одбележување на Свети Трифун во Младинскиот парк во Велес

Велес,14 февруари 2025 (МИА) - Општина Велес и годинава приредува заедничко одбележување на празникот на лозјето и виното Свети Трифун на отворено во Младинскиот парк.

Како што информираат од Општина Велес, граѓаните ќе имаат можност да дегустираат добри вина од локалните винарии и да вкусат традиционални велешки специјалитети.  За забавата да биде на високо ниво ќе се погрижат учениците од отсекот за традиционални инструменти при Општинското Основно Музичко Училиште  „Стефан Гајдов“, а свој настап ќе имаат и Иван Милевски и Fantasy Band, Тринити Бенд и Чалгија Саунд Систем.

Општина Велес ги поканува сите граѓани на заедничко чествување на Свети Трифун попладнево  во Младински парк во Велес  со почеток во 17:00 часот. ад/дма/

Фото: Плакат

Остани поврзан