Одбележување на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј
- Наместо традиционално, со богата програма и настани, и оваа година поинаку ќе биде одбележан 24 Мај - Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј.

Скопје, 24 мај 2021 (МИА) - Наместо традиционално, со богата програма и настани, и оваа година поинаку ќе биде одбележан 24 Мај - Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје традиционално секоја година со повеќе свечености ги одбележува 24 Мај – Денот на светите Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот и годишнината од своето основање. И оваа година, УКИМ ќе го одбележи својот патронен празник без традиционалните чествувања.
-Дел од чествувањата, наградувањето на најдобрите студенти, промовирањето на почесни звања и титули ќе се одржат, се надеваме во подобри времиња кои ќе се создадат по масовната имунизација на вработените на УКИМ и на населението во земјава, информираат од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Цвеќе ќе положат делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Горан Мисовски и пратениците Дарко Каевски и Велика Серафимовска-Стојкова, делегација на УКИМ, која ќе ја предводи ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски, како и делегација на Универзитетското студентско собрание на УКИМ предводена од претседателот Ева Цветковска. Цвеќе ќе положат и високи делегации на државниот врв, дипломатскиот кор и на други општествено-политички организации во државава.


