• вторник, 24 декември 2024

Одбележување на Денот на македонската полиција (во живо)

Одбележување на Денот на македонската полиција (во живо)

Скопје, 7 мај 2024 (МИА) -  Централно одбележување на Денот на македонската полиција - 7 Мај, со свеченост во паркот кај авиончето во општина Аеродром. Најавени се обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како и присуство на претставници на дипломатскиот кор.

Во рамки на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.

Поради одбележувањето на Денот на македонската полиција воведен е пособен сообраќаен режим во овој дел од градот.  До 18 часот затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“. 

Остани поврзан