• сабота, 23 ноември 2024

Одбележан јубилејот 70 години од формирањето на архивот во Битола

Одбележан јубилејот 70 години од формирањето на архивот во Битола

Битола, 29 мај 2024 (МИА) - Државниот архив, одделение Битола свечено и со промоција на монографија „Битолски архивски хронотоп – 70 години Архив Битола“ го одбележа јубилејот на установата.

Автори на монографијата се Гоце Стојановски, раководител на архивот и Марија Дурлова, Димитар Ѓорѓиевски и м-р Ивана Хаџиевска кои за прв пат аналитички и дискурзивно посочуваат на основните столбови на архивската дејност, како и важните искуства на плејадата архивски работници кои работеле во инстиитуцијата, од 1950те до денес. Гостите од градот и државата беа запознати со развојот на архивската дејност, научно-истражуваката дејност, комеморативната функција на архивот и принципите за заштита на архивскиот материјал - доловени низ рецентните искуства за дигитализација на архивското наследство на Фондот „Браќата Манаки“.

Културниот настан што се одржа во Битола, беше посебно релевантен за општествените чинители од областа на културата, науката и образованието, но и за професионалци архивисти, претставници на релевантните институции, претставници на меѓународната заедница, едукатори, студенти, средношколци, претставници на културата и граѓанскиот сектор, претавници на општината Битола, локални историчари и претставници на медиумите, беше нагласено на свеченоста во овој град. мт/дма/

Фото: Државен архив - Одделение Битола

 

Остани поврзан