• вторник, 24 декември 2024

Одбележан денот на обезглавувањето на тројцата преподобни маченици во месноста Господинец

Одбележан денот на обезглавувањето на тројцата преподобни маченици во месноста Господинец
Кичево, 10 април 2022 (МИА) – Со посета на местото Господинец во непосредна близина на манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ кај Кичево, е одбележан денот кога се обезглавени тројцата преподобни маченици Светите Евнувиј, Аверкиј и Пајсиј. Местото го посетија монасите од манастирот „Свети Јован Бигорски“ кои ги носат имињата на преподобните маченици. -Одбележувањето на денот кога од страна на Агарјаните биле обезглавени тројцата преподобни маченици Светите Евнувиј, Аверкиј и Пајсиј, беше извршено со посета на месноста „Господинец“ каде во 1558 година, биле пронајдени телата на тројцата обезглавени монаси, од страна на монасите од монашкото братство во манастирот „Свети Јован Бигорски“, Евнувиј и Пајсиј,изјави црковен активист, Бошко Сарафилоски. Покрај денот на нивното обезглавување, името на тројцата преподобни маченици се одбележува и на 2 август, кога  Евнувиј,Аверкиј и Пајсиј биле прогалсени за светци  и оваа година се навршува една деценија од нивното прогласување за светци, истакна Сарафилоски верник и одговорен за манифестацијата Бадникови поворки. Инаку, на местото„ Господинец“ каде што се пострадани тројцата монаси, се изведуваат градежни работи и се реновира и постоечката чешма, како потсетување на денот од пред неполни пет века.за/свс/

Остани поврзан