• петок, 05 декември 2025

Одбележана 82-годишината од издавањето на Манифестот на НОВ од 1943 година

Одбележана 82-годишината од издавањето на Манифестот на НОВ од 1943 година

Охрид, 3 октомври 2025 (МИА) – Делегација на Општина Дебрца денеска во историското село Црвена Вода положи цвеќе пред паметникот подигнат по повод издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, на 3 Октомври 1943 година што е и патронен празник на општината.

Притоа беше одржан и историски час во Спомен-собата на Генералштабот на Народноослободителната војска како и посета на Спомен собата од НОБ во село Белчишта.

Како што посочи градоналалникот Зоран Ногачески, во Дебрца се испишани најсветлите страници од македонската историја, а Манифестот до македонскиот народ од 1943 година, по своето значење, е еднаков со Крушевскиот манифест од 1903 година и во него е претставена платформата на македонската државност, односно Асномска Македонија.

„Како генерација имаме обврска, но и аманет од нашите претци да се однесуваме одговорно кон нашата историја и нејзините придобивки“, објави Ногачески на својот фејсбук статус. аб/вј/

Фото: Општина Дебрца

 

Остани поврзан