• среда, 25 декември 2024

Ограничувањата во Квебек продолжени до 23 ноември

Ограничувањата во Квебек продолжени до 23 ноември
Отава, 27 октомври 2020 (МИА) - Премиерот на канадската провинција Квебек, Франсоа Лего изјави дека ограничувањата за луѓето што живеат во таканаречените црвени зони ќе бидат продолжени до 23 ноември. Лего рече дека дневниот број на нови случаи  на Ковид-19 е сè уште преголем за да се овозможи ублажување на ограничувањата во места како Монтреал и Квебек Сити. Канадската провинција Квебек денеска пријави 963 нови случаи на коронавирус и 19 смртни случаи, од кои четири во последните 24 часа. Вкупно починаа 6.172 лица. паг/  

Остани поврзан