• сабота, 16 ноември 2024

Овечкин е третиот играч во историјата на НХЛ кој постигнал најмалку 25 голови во 15 последователни сезони

Овечкин е третиот играч во историјата на НХЛ кој постигнал најмалку 25 голови во 15 последователни сезони
Вашингтон, 8 јануари 2020 (МИА) – Хокеарот на Вашингтон, Александар Овечкин, стана третиот играч во историјата на НХЛ со постигнати најмалку 25 погодоци во 15 сезони по ред. Русинот на дуелот со Отава одигран ноќеска, погоди во 38 и 57.минута. Неговиот прв гол беше 25-ти оваа сезона во најсилната светска хокеарска лига. Претходно, вакво достигнување имаат Мајк Гартнер и Јаромир Јагр. зс/

Остани поврзан