• четврток, 06 март 2025

Објавен Јавен повик за средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година

Објавен Јавен повик за средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година

Скопје, 5 март 2025 (МИА) - Објавен е Јавен повик за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2025 година. Ќе се доделува финансиска поддршка за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики, односно надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка за тaрдиционалното сточарство. Повикот е објавен денеска и ќе биде отворен до 31-ви овој месец.

-Објавен е Јавен повик бр. 01/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2025 година. Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка од мерката 213 – помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики, односно надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка за тaрдиционалното сточарство (плати за овчари, козари и говедари), информираат денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.  

Корисници на оваа мерка се сите земјоделски стопанства кои исплатиле плата за периодот од 1 јануари 2023 до 31 декември 2023 година, како трошок за чување и напасување на добиток (овци, кози и/или говеда). Според МЗШВ, критериумите за висината на исплатената плата се наведени во Јавниот повик објавен на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потенцираат дека крајниот рок за доставување на барањата е 31 март 2025 година, како и дека барањата доставени после дадениот рок нема да бидат разгледувани. сст/са/

Фото МЗШВ

Остани поврзан