• сабота, 23 ноември 2024

Објавен извештајот за несреќата на Брајант

Објавен извештајот за несреќата на Брајант
Лос Анџелес, 8 февруари 2020 (МИА) - При увидот на остатоците од хеликоптерот, во кој загина НБА легендата Коби Брајант, немало никакви знаци дека имало проблеми со моторот. Експертите од американскиот Национален одбор за безбедност при транспорт го соопштија тоа во прелиминарниот извештај. Инспекторите сугерираат дека лопатките на хеликоптерот ротирале за време на ударот со земјата. Ова е потврдено од исечените гранки на дрвјата на местото на настанот. Во извештајот се истакнува дека дел од уредите биле оштетени од пожарот. Покрај тоа, сведоците на трагедијата објавија дека пред несреќата, хеликоптерот нагло се наклонил лево. Хеликоптерот на Коби Брајант се урна на 26 јануари. Сите патници во него загинаа, вклучително и легендата на Лос Анџелес Лејкерс и неговата 13-годишна ќерка Џана.

Остани поврзан