• понеделник, 23 декември 2024

Објавена ретка видеоснимка од бродот „Титаник“

Објавена ретка видеоснимка од бродот „Титаник“

Лос Анџелес, 16 февруари 2023 (МИА) - Океанографскиот институт „Вудс Хол“ oд САД објави ретка видеоснимка од бродот „Титаник“ на дното на Атлантскиот Океан. Снимката е направена на околу три километри под површината.

„Вудс Хол“ и Францускиот национален институт за океанографија го пронашле потонатиот брод скршен на два дела југоисточно од Њуфаундленд, кај Канада, на 1 септември 1985 година. Од откривањето, неколку документарни филмови покажаа снимки од остатоците на огромното пловило, но подолго, 80-минутно видео од необработените снимки беше објавено на „Јутјуб“ вчера.

 

Титаник, за којшто се верувало дека е речиси неуништлив кога бил изграден, бил најголемиот прекуокеански брод на почетокот на 20 век. Тој удрил во санта мраз на 14 април 1912 година во Атлантикот, на своето прво испловување од Саутемптон, Англија до Њујорк, САД. Повеќе од 1.500 луѓе загинале при потонувањето, што го вџаши светот и предизвикало бес поради недостатокот на чамци за спасување на бродот.

Објавувањето на снимката со намера се совпадна со 25-годишнината од филмот „Титаник“ на режисерот Џејмс Камерон од 1997 година. Филмот e еден од трите коишто освоиле рекордни 11 „Оскари“, вклучително и за најдобар филм.  си/

Остани поврзан