• понеделник, 23 декември 2024

Објавена првата публикација од Пописот 2021

Објавена првата публикација од Пописот 2021
Скопје, 20 октомври 2022 (МИА) - Клучните податоци за населението, домаќинствата и становите од Пописот 2021 од сега се достапни и во првата публикација под наслов: „Вкупно резидентно население, домаќинства и станови во Република Северна Македонија, Попис 2021“. Како што соопшти Државниот завод за статистика, по обработката на податоците и објавувањето во сетови, во првата публикација од Пописот 2021 преку 22 табели, графикони и други визуелизации, на едно место може да се најдат социоекономски податоци за основните единици на Пописот – лицата, домаќинствата и становите - на ниво на целата држава, но и по општини. Публикацијата е подготвена со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА. Со објавувањето на публикацијата Државниот завод за статистика се приклучува кон одбележувањето на 20 Октомври – Европскиот ден на статистиката кој годинава се одбележува под мотото „Статистиката – алатка за разбирање и поврзување на општеството во потрагата по вистината“. Публикацијата е достапна на следниот линк:  https://www.stat.gov.mk/InfoGraphic/2022/POPIS_DZS_web_MK.pdf мд/нд/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан