• петок, 05 декември 2025

Објавена книгата „Одблесоци на сонот“ - збирка раскази и есеи од ученици од општина Гевгелија

Објавена книгата „Одблесоци на сонот“ - збирка раскази и есеи од ученици од општина Гевгелија

Скопје, 31 октомври 2025 (МИА) - Во издание на библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија, а во рамки на манифестацијата Гевгелија – Град на културата за 2025-та година, деновиве од печат излезе изданието „Одблесоци на сонот“ - збирка со наградени книжевни творби од учениците во основните и средното училиште во општина Гевгелија и учесниците во работилниците за креативно пишување во периодот од 2022-ра до 2024-та година.

Во збирката се опфатени наградените раскази и есеи кои во овој период биле испратени на литературните конкурси распишани од библиотеката реализирани во соработка со наставниците од сите основни училишта и професорите од средното училиште во Гевгелија.

Конкурсите ги опфаќаат творбите што биле наградени на годишниот конкурс по повод „Месец на книгата“, како и расказите кои произлегле од одржаните работилници за креативно пишување во 2023-та и 2024-та година во организација на библиотеката.

Промоцијата на збирката ќе се одржи на 3 ноември во 12:30 часот во угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, а ќе учествуваат ученици кои се дел од Драмската секција за деца и младинци при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“ - Гевгелија. бак/

Фото: Библиотека Гоце Делчев

Остани поврзан