• сабота, 23 ноември 2024

Обуки во рамки на кампањата „Првата помош спасува животи“ во Македонска Каменица

Обуки во рамки на кампањата „Првата помош спасува животи“ во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 15 ноември 2023 (МИА) - Во Македонска Каменица продолжи реализацијата на активностите од кампањата по прва помош мод мотото „Првата помош спасува живот". Главна цел на кампањата, како што информираа од Црвен Крст Делчево кои се задолжени за нејзина реализација на територијата на двете општини, е да се подигне свеста кај младата популација за значењето на првата помош како животоспасувачка вештина.

-Во рамките на оваа кампања, со ученици од ОУ Св. „Кирил и Методиј" - Македонска Каменица спроведовме обука по прва помош. Обуката имаше за цел да се едуцираат што поголем број на ученици со основните вештини по прва помош. Кампањата е наменета за ученици од основни и средни училишта на возраст од 12-18 години, а истата Црвениот Крст на Република Северна Македонија ја реализира на територијата на целата држава, истакнаа од Црвен Крст Делчево.

Претходно со кампањата беа опфатени ученици од трите воспитно-образовни установи од Делчево.  

-Досегашните обуки беа успешно спроведени што ни дава за право да продолжиме да шириме знаења и да ја подигнеме свеста кај младите за важноста на првата помош, со тоа што во понатамоѓната фаза и други ученици ќе бидат запознаени како да укажат прва помош, додадоа од Црвен крст Делчево.

Активноста во Македонска Каменица се реализираше во просториите на Културно-информативниот центар „Романса“. вс/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан