• недела, 24 ноември 2024

Обожаватели на „Џејмс Бонд“ бараат одложување на премиерата на новиот филм

Обожаватели на „Џејмс Бонд“ бараат одложување на премиерата на новиот филм
Лондон, 3 март 2020 (МИА) - Обожаватели на серијалот „Џејмс Бонд“ во отворено писмо побараа одложување на првото прикажување на новиот филм „Не е време за умирање“ (No Time To Die). Причината е стравот од новиот коронавирус. Европската, односно лондонската премиера е закажана за 31 март, а американската - за 10 април. По тој повод, обожавателската страница „MI6-HQ“ објави јавен повик студијата МГМ и Јуниверзал да го одложат прикажувањето на филмот. „Време е филмските судија да го стават јавното здравје пред маркетинг-термините и тоа - колку откажувањето ќе чини“, се вели во написот. Државите што се најмногу погодени од коронавирусот, веќе воведуваат забрана за јавни собири на поголеми групи луѓе. Италија и Кина на пр., ги затворија кината во своите црвени зони обележани поради вирусот. си/сд/

Остани поврзан