• сабота, 27 јули 2024

Обновени домашните летови од аеродромот во Кабул

Обновени домашните летови од аеродромот во Кабул
Кабул, 4 септември 2021 (МИА) - Амбасадорот на Катар во Авганистан изјави дека техничка екипа успеала да го оспособи аеродромот во Кабул, за да може да прифати хуманитарна помош, а обновени се и домашните летови. Според Ал Џезира веќе полетале авиони од Кабул до градовите Мазар-и-Шариф и Кандахар. Аеродромот во Кабул е затворен откако заврши големата евакуација на странски државјани и авганистански државјани кои работеа за нив. ми/  

Остани поврзан