Облак позитивен на коронавирусот
- Атлетико наведе дека Облак е во „изолација и ќе ги почитува препораките на здравствените власти“. Изолацијата на Облак нема многу да му наштети на мадридскиот клуб, бидејќи во шпанското прве

Мадрид, 25 јануари 2022 (МИА) – Голманот на Атлетико Мадрид, Словенецот Јан Облак, е позитивен на Ковид-19, објави денеска шпанскиот прволигаш.
Атлетико наведе дека Облак е во „изолација и ќе ги почитува препораките на здравствените власти“.
Изолацијата на Облак нема многу да му наштети на мадридскиот клуб, бидејќи во шпанското првенство претстои пауза поради јужноамериканските и азиските мундијалските квалификации.
Словенечкиот голман би требало да се врати меѓу стативите на 6 февруари кога Атлетико го очекува дерби натпреварот против Барселона на „Камп Ноу“ во рамки на 23 коло во Ла Лига. ег/сд/