• понеделник, 23 декември 2024

Обилни дождови предизвикаа поплави во источниот дел на Чешка

Обилни дождови предизвикаа поплави во источниот дел на Чешка

Прага, 1 јули 2024 (МИА) - Обилни дождови предизвикаа поплави во источниот дел на Чешка, јави ДПА, повикувајќи се на службите за итни случаи.

Противпожарните служби беа повикани за повеќе од 300 интервенции во административниот регион Злин, на околу 250 километри југоисточно од главниот град Прага, во близина на границата со Словачка. Се користеа пумпи за одводнување на поплавени подруми и простории на приземје, а паднатите дрвја се отстранети од коловозите.

Десетици згради, меѓу кои и општински објекти се поплавени во околните села и луѓето мораа да бидат евакуирани. Се наведува дека штетите изнесуваат милиони евра. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан