• понеделник, 23 декември 2024

Обидите за илегален премин на Ла Манш се зголемија за 68 отсто во првата половина на 2022 година

Обидите за илегален премин на Ла Манш се зголемија за 68 отсто во првата половина на 2022 година
Париз, 20 јуни 2022 (МИА) - Бројот на обиди на мигранти илегално да го преминат Ла Манш за да стигнат до Англија значително се зголеми во првата половина на 2022 година по веќе рекордната 2021 година, соопшти денеска француското МВР. Помеѓу 1 јануари и 13 јуни 2022 година имало 777 случаи на преминување или обид за преминување на Ла Манш со мали чамци, во кои биле вклучени 20.132 мигранти, што претставува 68 отсто повеќе отколку во истиот период во 2021 година, соопшти Министерството во време кога на британска страна се заострува мигрантската политика. Во 2021 година, обидите да се премине главно со гумени чамци од северниот брег на Франција меѓу Кале и Данкерк достигна „рекорд“ од 52.000 луѓе кои се обиделе и 28.000 кои успеале, според податоците на Министерството во јануари. Министерството соопшти дека стапката на спречени обиди постојано се зголемува и дека 61,39 отсто од обидите за преминување преку морето биле спречени, што е за 4,2 процентни поени повеќе од 2021 година и дека од почетокот на годината биле приведени 10.090 лица, што е пораст од 65 отсто. паг/    

Остани поврзан