• сабота, 23 ноември 2024

Обединета Македонска Дијаспора: Ги осудуваме фашистичките аспирации кон Македонија на европратеникот Џамбаски

Обединета Македонска Дијаспора: Ги осудуваме фашистичките аспирации кон Македонија на европратеникот Џамбаски
Скопје, 18 октомври 2022
 
ОМД ги осудува сите претензии и аспирации на Бугарските политички партии кон Македонија и ги декларира како дискриминација и расизам кон Македонија и Македонското малцинство во Бугарија.
Дали можеме да замислиме ако политичарите кои претставуваат земја членка на Европската Унија се однесуваат наспроти Македонија на овој начин, како се однесуваат со Македонците кои живеат, растат и творат во Бугарија?
Тргнувајќи од оваа бугарска небулозна окупаторска идеологија, каква ли е таа светла пријателска иднина помеѓу Македонија и Бугарија кога самата Бугарија не е спремна за отворање на своите граници.
Наместо со факти, последните бугарски фашисти се борат со напад и претставување на фашистички карти, од кои и самите знаат дека изгубиле многупати во историјата наназад"
 
Обединета Македонска Дијаспора
___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан